# Оператори во контакт центар (реф. бр. 102026-013)

**Company:** [Mellon Group of Companies](https://jobs.workable.com/companies/ePKjLjeSWiTkoiRp3Shxfr.md)
**Location:** Skopje, North Macedonia
**Workplace:** on site

[Apply for this job](https://jobs.workable.com/view/7f3e54f8-55c2-4e7d-8d80-4b976180d2c2)

## Description

**Продолжуваме со проширување на контакт центар тимот во соработка со  Македонски Телеком АД Скопје. За таа цел вработуваме:**

**ОПЕРАТОРИ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР**

**(реф. бр. 102026-013)**

Работната позиција е наменета за кандидати  за кои комуникацијата со луѓе е предизвик, сакаат да им помогнат на клиентите и имаат способност да препознаат можности за продажба на производи и услуги.

 **Опис на работната позиција**

Како оператор во контакт центар ќе бидете задолжени за:

•       Одговарање на влезни повици од корисници и обезбедување професионална корисничка поддршка,

•       Давање основна техничка помош и насоки при користење на интернет, ТВ и телефонски услуги,

•       Остварување излезни повици со цел презентација и продажба на телекомуникациски производи и услуги,

•       Препознавање на потребите на клиентите и понуда на најсоодветно решение,

•       Обезбедување позитивно корисничко искуство преку љубезна, професионална и ефикасна комуникација,

•       Работа согласно утврдени процедури, стандарди за квалитет, јасно дефинирани цели и индикатори за успешност.

**Профил на кандидатот**

Ги охрабруваме да аплицираат кандидатите кои поседуваат:

•       Одлични комуникациски вештини и способност за јасно и уверливо изразување,

•       Изразена ориентираност кон клиентите и желба за обезбедување позитивно корисничко искуство,

•       Трпеливост, смиреност и емпатија, особено при комуникација со корисници кои се соочуваат со технички проблеми,

•        Продажни способности, градење доверба кај клиенти, идентификација на потреби и ефективно претставување на услуги,

•       Чувство на одговорност, дисциплина и посветеност кон работата,

•       Способност за брзо учење и усвојување нови знаења,

•       Способност за работа во динамична средина и исполнување на поставени цели,

•       Основно користење на компјутер, работење со повеќе апликации и познавање на MS Office,

•       Тимски дух и позитивен пристап кон работата,

•       Минимум завршено средно образование.

 **Јазични опции**

•       Течно познавање македонски јазик, **ИЛИ**

•       Мајчин албански со одлично познавање на македонски јазик.

 **Што нудиме**

•       Платена обука од 4 часа на ден во траење од најмногу 1 месец каде ќе ги научите сите потребни процеси,

•       Пријатна и стимулирачка работна атмосфера,

•       Мотивациски бонуси за постигнати резултати од продажба и квалитет на испорачана услуга.

 **Важно**

Работната позиција подразбира:

•       Работа во смени, вклучително и втора смена,

•       Работа за време на викенди и празници согласно распоред.

**Аплицирајте денес**

Испратете го Вашето CV и станете дел од тим кој го цени ангажманот и професионалниот пристап на секој член.

_**Мелон Солушнс Дооел**_ _е дел од_ _**Mellon Group**__, водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Седиштето на Mellon Group е во Атина, Грција и моментално брои преку 8.000 вработени во 12 земји._
